Саутгејт по историската бламажа: Јас сум виновен

447

Репрезентацијата на Англија синоќа во рамките од последното коло од оваа фаза во Лигата на Нациите, доживеа на домашен терен невидена катастрофа од 0:4 против репрезентацијата на Унгарија. Ова е најтешкиот пораз за Гордиот Албион уште од 1928 година и поразот од Шкотска со 5:2 на домашен терен.

Селекторот Герет Саутгејт е свесен што го чека и бранот на критики кои следува, а тој сосема нормално по мечот на прес конференцијата ја презема целата вина врз себе.

„Лоша ноќ. Одговорноста е моја. Во текот на натпреварот направив промени во нападот, поради што почнавме да играме премногу отворено. Јас сум виновен за нашата лоша претстава на сите четири натпревари. Се обидов да внесам рамнотежа во тимот давајќи им шанса на некои од помладите играчи. Вистината е дека на двете средби со Унгарија не бевме доволно добри и бевме казнети“, коментира Саутгејт па продолжува.

„Денеска почнавме добро, но првиот гол ни ја одзеде потребната самодоверба. По паузата создадовме неколку ситуации, но примивме втор гол, што многу влијаеше на нашето расположение. За младите ова е драгоцено искуство. Можеби им ставив преголема одговорност против силен тим како Унгарија, продолжи Саутгејт па поентира.

Ја разбирам реакцијата на навивачите. Најважно е да не престанат да не поддржуваат. Младите ќе станат подобри. Моја должност е да ги заштитам играчите, како и да бидам одговорен за резултатите“, додаде селекторот на „Трите лава“.

ПретходноВардар и Голден Арт со победи го отворија меморијалниот турнир „Марко Божиновски“
СледноМанчини: Еден пораз не може да избрише се што постигнавме