Ѓоковиќ ќе биде прв носител на Вимблдон, со Надал само во финале

167

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде прв носител на Грен Слем турнирот во Вимблдон, иако од понеделникот е трет рекет на планетата.

Ѓоковиќ ќе биде прв носител на третиот Грен слем сезонава, бидејќи таму нема да настапат првите двајца играчи на АТП ранг листата, Данил Медведев и Александар Зверев.

Медведев ќе го пропушти турнирот бидејќи сите руски и белоруски претставници се суспендирани, а Зверев поради повреда на скочниот зглоб со која се здоби во полуфиналето на Ролан Гарос против Рафаел Надал.

Втор носител ќе биде Рафаел Надал, што значи дека нова пресметка на двата најголеми ривали е можна само во финалето.

Вимблдон оваа година ќе се оддржи од 27 јуни до 10 јули.

ПретходноИгор Алексовски е нов голман на Работнички
СледноВоска Спорт се раздели со дури 10 фудбалери