Ѓоргиев прва летна аквизиција за Брегалница

266

Досегашниот член на тимот на Борец, Ѓоре Ѓоргиев е првиот играч кој тимот на Брегалница официјално го ангажира во овој преоден рок. Штипјани се поврзуваа со доста играчи деновиве, но ете токму Ѓоргиев прв им пристапува. Се очекува во следните денови ростерот на Брегалница да се пополни со уште неколку нови имиња.

„За мене е огромна чест и задоволство што доаѓам во клуб како Брегалница. Знам што значи Брегалница за македонскиот фудбал, и знам со какви амбиции ја очекува новата сезона, амбиции во кои верувам максимално успешно ќе се вклопам“ – истакна 25-годишниот Ѓорѓиев по промоцијата во дресот на „сините“.

 

ПретходноАбердин го сака Миовски во своите редови
СледноМакедонија У15 со реми против Црна Гора