Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев следната сезона се враќа во Франција. Денеска техничарот на нашиот национален тим и официјално го потврди трансферот во францускиот прволигаш Камбраи Волеј.
Ѓорѓиев минатата година ја освои двојната круна со екипата на Хебар во бугарскиот шампионат, а претходно веќе има искуство од настап во француската елита. Тој во периодот од 2018 до 2020 година го носеше дресот на Париз Волеј.
Екипата на Камбраи Волеј минатата година беше претпоследна во француската елита и успеа да се избори за опстанок во најсилното натпреварување.