Шампионот на ВБЦ во бокс во супертешка категорија, Тајсон Фјури, најави дека може да се врати во рингот за 200 милиони фунти. Откако го нокаутираше Дилијан Вајт во април, Џипси Кинг објави крај на кариерата.
Сепак, Фјури изненадувачки продолжи со тренинзите и навести дека е подготвен да се врати во рингот, со соодветна понуда до него.
„Ако ме сакате повторно во рингот, тоа ќе ве чини многу. Ќе се вратам 100%, како во филмот, кога Џери Мегваер извика: „Покажи ми ги парите!“ Ако некој може да ги понуди парите, тука е мојот менаџер, Френк Ворен. Го нарекувам Магионичар и ќе направиме некои големи, големи работи со него“, најави Фјури.