Девојката на Нуњез е вистинско „богатство“ за таблоидите во Англија

885

Дарвин Нуњез е новото засилување за тимот на Ливерпул. Уругваецот пристигнува од Бенфика, има 22.години и е новата напаѓачка сила за тимот кој атакува на сите трофеји во една сезона.

Покрај тоа што Ливерпул доби непроценлив квалитет и потенцијал во Нуњез, англиските таболиди во неговата девојка добија непресушен извор на текстови и фотографии со што ќе си ја дигаат читаноста секој ден.

Се работи за девет години постарата Лорена Мањас, со која што Нуњез веќе има едно дете, кое што не и е прво на Мањас. Имено, таа веќе има седумгодишна ќерка со име Клои, плод на нејзината врска со некогашниот играч на Барселона Алеш Видал. Тој своевремено беше доеден на Ноу Камп како големо засилување но не се снајде таму па сега е дел од Еспањол. Во меѓувреме се раздели од Мањас, која не губеше премногу време па пронајде ново момче од светот на фудбалот.

 

ПретходноБисоума е на чекор до Тотенхем
СледноЛК: Македонија ЃП против бугарскиот гигант ЦСКА Софија!