ЛШ:Седло против “својот“ Динамо, против Адеми и Ристовски…ако се мине Линколн

506

На ждрепката во Нион, која предмалку заврши, нашиот шампион го дозна својот можен ривал за 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

Тоа е тимот на Динамо Загреб. Каков спектакл ќе биде тоа, Седлоски против “својот“ Динамо Загреб, Шкупи против Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Првиот меч би се играл во Загреб, реваншот во Скопје.

Сепак до двомеч со Динамо Загреб да дојде, ќе мора четата на стратегот Гоце Седлоски да триумфира над Линколн од Гибралтар во тие 180 минути од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Да потсетиме дека натпреварите од втората рунда во квалификациите во ЛШ на програмата се на 19/20 јули и 26/27 јули.

Во случај тоа да не се случи, тогаш чаирчани ќе играат во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

ПретходноПрвото коло од наградната игра „играј, собирај, освој“ на 2WIN.MK влегува во завршница
СледноБисоума е на чекор до Тотенхем