Муарем Бајрами: ЦСКА Софија е фаворит, но ние достојно ќе ја претставиме нашата земја!

570

Македонија ЃП во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции за ривал го доби тимот на ЦСКА Софија. Тим кој заедно со Левски Софија и Лудогорец, е гигант во бугарскиот фудбал.

Секако дека нема да биде лесно, но “лавовите“ немаат намера однапред да се предадат. За тоа што може тимот од Ѓорче да стори на овој двомеч, првиот меч се игра во Софија на 21 јули, реваншот една недела подоцна, свој коментар за „Спортмедиа“ има Муарем Бајрами. Шефот на струката на „лавовите“.

Немав некоја посебна во однос на ждрепката. Јасно е дека ЦСКА Софија, која е гигант на овие простори е во предност, дека е фаворит. Ние ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме, ќе се обидеме да уживаме во овие два меча. Играчите го заслужуваат тоа. Секако дека нема предвреме да се предадеме. Факт е дека ривалот е во предност, но во фудбалот се е можно. Не треба да бидеме обременети со актуелните случувања, треба со студени глави да ги одиграме претстојните 180 минути. Верувам дека достојно ќе ја претставиме нашата земја против силниот противник“посочи Бајрами.

ПретходноШесткратниот француски првак исфрлен во Третата лига!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Академија Пандев го потпиша Марко Ѓорѓиевски