Тренерот на “модрите“: Потешко ќе ни биде со Шкупи…Седлоски добро го познава Динамо!

418

Откако се дозна веста од Нион дека Шкупи во 2.квалификациско коло би можел да биде ривал на Динамо Загреб, јасно е дека медиумите во таа земја тој можен двомеч го поврзуваат и со Гоце Седлоски, тренерот на нашиот првак и некогашен играч и капитен на загрепските “модри“. Па така се нагласува дека иако Динамо е фаворит, но сепак треба да се внимава на македонскиот шампион и пред се на Седлоски кој пред шет години како стратег на Вардар не успеа да го елиминира балканскиот гигант.

Да не заборавиме дека во Динамо Загреб играат и нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Првиот е капитен на “модрите“ а вториот е капитен на репрезентацијата.

Сепак овој двомеч да се игра ќе треба прво Шкупи во стартното квалификациско коло да го помине Линколн од Гибралтар. Нешто што нашата јавност го очекува тоа од тимот од Чаир.

За тоа што може да се очекува од овој евентуален двомеч свој коментар има Анте Чачиќ, тренерот на Динамо.

Јасно е дека Динамо Загреб е фаворит и тоа без разлика против кого ќе играеме. Исто така јасно е дека ако тоа биде Шкупи тогаш ќе ни биде потешко. За нас тоа ќе биде жежок терен, мислам на гостувањето во Скопје. Седлоски добро го познава Динамо Загреб и се ќе стори да ни го отежне патот до следната рунда. Не смееме да го потцениме Шкупи, не смееме да потцениме ниту еден ривал“ посочи стратегот на “модрите“.

ПретходноКФСМ парично ги казни финалистите во плеј – офот!
СледноЕмини уште една година во Воска Спорт!