Шесткратниот француски првак исфрлен во Третата лига!

200

Неверојатно, до каде падна поранешниот француски гигант и првак Бордо. Клубот се мачеше но не избори опстанок во Лига 1 и падна во вториот по ранг француски фудбал откако заврши на последното место на табелата и со очајни статистички податоци, дури 91 примен гол. Но шесткратниот шампион доживеа уште еден удар затоа што ФФ на Франција го пресели уште едно ниво подоле поради сериозни финансиски проблеми.

Неофицијално клупскиот дефицит е 40 милиони евра, а претседателот Жерар Лопез најави жалба на оваа одлука. Клубот имаше рок да го намали долгот, донекаде успеа но не целосно за да ги исполни критериумите. Нивниот финансиски проект не е изгласан поради што клубот ќе оди во Третата лига.

Бидејќи преодниот рок штотуку започна, продажбата на играчи се уште не е извршена. И покрај конкретните предлози од раководството на клубот за обезбедување стабилност, службите го оцениле договорот со доверителите недоволен, со оглед на недостигот на претходни приходи од продажбата на играчите, како и отсуството на откажување од дел од долгот од страна на доверителите.

Бордо е клубот за кого настапуваа славни француски фудбалери како Зинедин Зидан, Алан Жирес, Улрих Раме, Жан Тигана, Криштоф Дугари, Бернар Лакомб, Педро Паулета, Маруан Шамак…

Службите на ФФФ потврдија дека Лил ја поминале инспекцијата и останува во Лига 1 исто како и Амиен и Каен во Лига 2. И Сент Етјен кој е во процес на трансформација на сопственоста исто така доби зелено светло за настап во Лига 1.

ПретходноАкадемија преговара со Илиев за нов договор
СледноМуарем Бајрами: ЦСКА Софија е фаворит, но ние достојно ќе ја претставиме нашата земја!