Варадиновски е нов тренер на Каменица Саса

199

За нов шеф на стручниот штаб на второлигашот ФК Каменица Саса е избран Иван Варадиновски фудбалско име со кое почнуваат новитетите во зелено-црниот тим.  Се работи за поранешен тренер на ФК Пехчево, кадешто 2 години бил и асистент на шефот на стручниот штаб, поранешен тренер на најмладите категории на штипска Брегалница кадешто продолжил како тренер во пионерско-младинската школа.
Како фудбалер своите први чекори ги прави во Брегалница Штип кадешто за првпат настапува и во сениорски тим, фудбалер е и на Беласица, Скопје, Локомотива и Плачковица. Се работи за млад фудбалски стручњак кој е полн со ентузијазам и желба за работа.

ПретходноЧетирикратниот француски првак го смени тренерот
СледноБокс спектакл на плоштадот во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)