Евролига донесе и официјална одлука околу учесниците за следната сезона. На денешниот состанок на Бордот на ова натпреварување беше потврдено дека Валенсија за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и Партизан во следната сезона ќе бидат дел од Евролига. Македонија после пет години ќе има свој кошаркар во ова натпреварување, последен пат настапуваше Перо Антиќ.
Двата тима ќе бидат замена за руските екипи ЦСКА и Зенит, кои се суспендирани проади воената агресија врз Украина.
Покрај овие три екипи, стандардно ќе се натпреваруваат Реал Мадрид, Олимпијакос, Барселона, Ефес, Фенербахче, Алба Берлин, Монако, Олимпија Милано, Басконија, Црвена Звезда, Асвел, Макаби Тел Авив, Панатинаикос и Жалгирис.
На овој начин Шпанија доби четири учесници во Евролигата, додека пак Србија ќе има двајцата претставници.