По сите засилени преговори, Барселона на крајот успеа да се договори со младата ѕвезда на тимот, Гави за нова соработка. Талентираниот играч за врска останува во клубот со нов договор, објавија каталонските медиуми. Новиот договор на Гави ќе биде за период од пет години, а во него ќе има и клаузула вредна 1 милијарда евра, слична на онаа која ја добија и другите млади ѕвезди на Барса и Реал Мадрид.
Се очекува Каталонците да ја потврдат веста денеска на Генералното собрание на делегатите на клубот. Засега не е познато колкава ќе биде платата на Гави. Првичната понуда, која тој ја одбил, била 2 милиони евра.