Далас го размени Марјановиќ за Кристијан Вуд од Хјустон

245

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ ги напушти редовите на Далас, откако синоќа бил трејдуван во екипата на Хјустон. Марјановиќ заминува во Хјустон Рокетс во замена за Кристијан Вуд, кој игра на позициите „четири“ и „пет“.

Вуд беше еден од најдобрите играчи на Хјустон минатата сезона со 17,9 поени, 10 скока и една блокада по натпревар.

Марјановиќ дојде во Далас во 2019 година и за тоа време не играше многу, но стана еден од омилените соиграчи и миленик на навивачите. Покрај со Марјановиќ, Далас мораше да се раздели и со Треј Бурк, Маркиз Крис и Стерлинг Браун кои се дадени во замена за Вуд.

ПретходноПремиерлига: Сити одбраната на титулата ја почнува кај Вест Хем, Ливерпул на гости кај Фулам
СледноПопзлатанов се договори со Вардар