Емил Рајковиќ седнува на клупата на ЦСКА Москва?

309

Бобма во најава од Русија. Емил Рајковиќ го делат денови од промоција на најголемиот предизвик во неговата кариера. Македонскиот стратег е најавен како нов предводник на клупата на ЦСКА Москва.

Рајковиќ веќе долго време работи надвор од Македонија, и тоа многу успешно, па затоа не е ни чудо што веќе на големо се најавува како тренер на тимот од Москва. Тој треба да биде замена за Димитрис Итудис, кој си замина од клубот.

ЦСКА Москва следната сезона нема да настапува во Евролига, поради руската инвазија врз Украина, но сепак предизвикот ќе биде голем за македонскиот тренер.

Рајковиќ минатата сезона го водеше тимот на Саратов, претходно беше дел од Астана, Стал и Сласк Вроцлав, МЗТ Скопје, Работнички, Фени Индустри и Тоа Сум Јас.

ПретходноЕкс-фудбалер на Милан и Сампдорија станува сопственик на Бирмингем Сити
СледноИсториска вечер за Кари: Го одведе Голден Стејт до титулата, па го зема највредното признание (ВИДЕО)