Златков и Ричков „слетаа“ на Чаир

2806

Македонскиот младински репрезентативец до 21. година Алекс Златков, е новото засилување на тимот на Шкупи. Досегашниот играч на тимот на Триглав Крањ доаѓа на Чаир, како ушт едно од повеќето засилувања за шампионот, во обидот да го пополни ростерот со квалитет пред предизвиците кои претстојат летово.

Златков на македонската јавност и стана познат летово, кога и официјално доби право на настап за нашиот национален тим и го промени спортскиот пасош, со оглед на фактот што претходно настапуваше за Словенија.

Од друга страна пак, покрај Златков, новитет е и досегашниот играч на Вардар, 18. годишниот Марио Ричков. Дефанзивецот кој може да одговори и на стоперската но и на левата бековска позиција.

За Златков е платен целокупниот трансфер од тимот на Триглав, додека пак на Вардар за Ричков му следува тренинг компензација.

 

ПретходноТен Хаг побара тревата да биде поинаку искосена, но доби лоши вести
СледноТиквеш го потврди Ѓурковски