Лапорта: Барселона е болид со моќен мотор но со празен резервоар

196

Првиот човек на Барселона Жоан Лапорта го спореди клубот со болид од Формула 1.
Се наоѓаме во деликатна финансиска ситуација. Барселона е болид од Формула 1, со моќен мотор меѓутоа со празен резервоар. Без бензин.
Некоја друга компанија до сега ќе прогласеше банкрот и партнерите ќе си ги бараа парите, но ние застанавме одлучно да се бориме, да работиме, да ги намалиме трошоците, да ги редуцираме платите, да направиме неколку бизнис зделки за да добиеме пари како Спотифај. Работиме на финансираше на стадионот (реновирањето на Ноу Камп). Се обидовме да го стартуваме болидот но не успеавме. Сепак,  активиравме некои механизми за заздравување на економијата.
Целта е Барселона да остане на Социосите. И така ќе остане се додека сум претседател на клубот. Ќе се вратиме, само треба трпение и добри финансиски зделки. Моментално болидот ни е во боксот на некои поправки, а потоа ќе го испратиме на стартниот грид, ќе го запалиме и ќе се тркаме за победа.
Сакам Барса да биде способна да се натпреварува со клубовите чиј газди се милијардери“, изјави Лапорта.

 

ПретходноБокс спектакл на плоштадот во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМаестрално: Дуплантис скокна рекордни 6,02 метри во Дијамантската лига во Осло