Папули си замина од ФЦСБ

1113

Македонскиот интернационалец Јорго Папули повеќе не е член на романскиот тим ФЦСБ. Тој си заминува од таму откако актуелмата соработка му завршува на 30 јуни и нова нема да биде потпишана.

Играчот кој е роден 2001 година во ФЦСБ мина извесен период во кој настапуваше редовно за вториот тим на овој клуб, а сега е време за нешто ново во неговата кариера.

„Благодарност до клубот за укажаната шанса во сиот овој изминат период и се надевам дека ги исполнив очекувањата. На ФЦСБ му посакувам многу среќа и успеси во иднина, а околу мојот нов клуб летово ќе ја одберам најдобрата опција што ми се нуди“ – ни изјави Папули.

 

ПретходноМартинага од „Пандев“ официјално во Славен Белупо
СледноМората не се договори со Јуве и се враќа во Атлетико