Перез: Политичарите се виновни за Мбапе, Халанд ќе се седеше на клупа

377

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, за ​​телевизијата „Чирингито“ разговараше за преговорите со Килијан Мбапе, за идните чекори, за Ерлинг Хaланд …

Во изминатиот период главна тема беа Килијан Мбапе и Реал Мадрид. Се чинеше дека трансферот е завршен, сепак францускиот фудбалер во последен момент одлучи да остане во ПСЖ. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, заедно со Никола Саркози и катарските лидери на Париз успеаја да го убедат Мбапе да остане на „Паркот на принцовите“.

„Килијан Мбапе не ме изневери. Многупати ми кажа дека сонот му е да игра за Реал Мадрид. Но потоа дојде до промени и тоа за 15 дена поради политичките и економските притисоци. Макрон го повика Мбапе, што нема поента. Од ПСЖ – и му беше понудено да биде водач на проектот и тоа смени сè. Му понудија луди работи, неразбирливи. Веќе не беше истиот Мбапе како што го посакувавме. На крајот на краиштата, никој не е поголем од Реал Мадрид и тоа нема да се промени“, изјави Перез.

Предводникот на Мадрид смета дека мајката на Мбапе сакала нејзиниот син да облече бел дрес ова лето, па приказната ја заврши со зборовите дека ништо не е готово.

“Никогаш не реков дека е готово помеѓу Реал и Килијан. За три години, многу работи можат да се променат. Но, јас не го сакам овој Килијан Мбапе. Ова не е истиот оној што го сакавме. Ние го сакаме стариот”.

Се споменуваше и дека Реал го сака Ерлинг Халанд кој заврши во Манчестер Сити. Но, и тој договор не беше можен бидејќи Реал сите сили ги насочи кон Килијан.

“Преговорите со Мбапе не создадоа никаков проблем со Халанд. Го имаме Бензема и беше невозможно да го доведеме Халанд. Не можеме да го доведеме и да го седнеме на нашата клупа. Тој е неверојатен играч”.

Тој откри и дека проектот за европската Суперлига е се уште жив .

ПретходноЃоковиќ не може да игра на УС Опен!
СледноЕвролига потврди: Валенсија на Димитријевиќ и Партизан во „елитата“