Многу фудбалери сонуваат да играат во англиската Премиер лига, веројатно најсилното национално првенство во светот. Многумина го прават тоа, но Роберт Левандовски не.
Поранешниот агент на славниот напаѓач на Баерн Минхен, Кухарски откри дека дождот бил пролбем за да Лева дојде на Островот.
“Зошто не Англија? Тоа беше проблемот. Отсекогаш сум слушал детско објаснување од Роберт за фактот дека толку често врне во Англија”, рече Кухарски.
Левандовски беше блиску до Англија во 2014 година, кога од Борусија Дортмунд можеше да се пресели во Манчестер Јунајтед, но тогаш се реши за Баерн и не погреши.
„Мислам дека вистинската причина што не замина во Англија беше затоа што мислеше дека тоа не може да го има истиот ефект како во Германија. Се плашеше од тоа“, заклучи тој.
Во летниот преоден рок, одличниот напаѓач може многу лесно да ги напушти Баерн и Германија и да се пресели во Барселона, иако интерес за 33-годишниот фудбалер покажа и Челзи.