Премиерлига: Сити одбраната на титулата ја почнува кај Вест Хем, Ливерпул на гости кај Фулам

303

Англиската Премиер лига денеска и официјално го одреди распоредот на натпревари за новата сезона која стартува на 5 август.

Честа да го одиграат воведниот меч во новата сезона ќе ја имаат екипите на Кристал Палас и Арсенал. Ден подоцна ќе се одиграат најголемиот дел од мечевите од премиерната руна. Вицешампионот Ливерпул стартува на гости кај повратникот во елитата, Фулам, додека Челзи ќе му биде гостин на Евертон.

Шампионот Манчестер Сити одбраната на титулата ја почнува на 7 август на гости кај Вест Хем, а истиот ден својот прв меч од новата сезона ќе го одигра и Манчестер Ј. кој го пречекува Брајтон.

ПретходноРеал се задоволи со Чуамени? „Засега завршивме со купување нови фудбалери“
СледноДалас го размени Марјановиќ за Кристијан Вуд од Хјустон