Реал се задоволи со Чуамени? „Засега завршивме со купување нови фудбалери“

208

Првиот човек на Реал (М), Флорентино Перез, во интервју за шпанска телевизија, потенцираше дека засега, „кралскиот клуб“ завршил со трансферите за ова лето. Реал го купи Чуамени од Монако како едно од главните имиња на летниот трансфер пазар и засега не преговара со други фудбалери, тврди Перез.

„Во моментов прекинавме со преговори, бидејќи немаме повеќе имиња на списокот. Сега останува целата работа да продолжи во јули и август, да видиме кои играчи ќе излезат на пазарот. Ако Бензема има потреба ќе има замена, но за тоа треба да направиме консултации со сите структури во тимот, пред се со спортскиот директор Хозе Анхел“, вели Перез.

На прашањето зошто Реал не го купи Халанд, Перез одговорил:

„Ние во моментов ја имаме најдобрата ’деветка’ во светот и немаше потреба да го донесеме Халанд за да го држиме на клупата, нели? Сега имаме повеќе интерес да работиме и со помладите фудбалери кои ги имаме во тимот“.

ПретходноЃорѓиев: Финска не е непобедлива, одиме по нова историја
СледноПремиерлига: Сити одбраната на титулата ја почнува кај Вест Хем, Ливерпул на гости кај Фулам