Александар Ѓурковски официјално се враќа во Тиквеш. Она што Спортмедиа го најави уште пред два дена, попладнево доби и официјализација. Дефанзивецот по престојот на Чаир, во таборот на Шкупи, се враќа во Тиквеш каде што веќе одработи еден мандат.
Потпишана е едногодишна соработка и Ѓурковски доаѓа како замена за досегашниот стоперски тандем Каракамишев – Делов, кој си заминуваат од клубот.
Од Кавадарци велат дека деновиве ќе бидат договорени уште неколку нови имиња кои следната сезона ќе го направат Тиквеш уште поконкурентен во ПМФЛ шампионатот.