Бугарските медиуми пишуваат дека се уште е нејасно на кој стадион ќе се одигра првиот меч од 2. коло во Конференциската лига меѓу екипите на ЦСКА Софија и нашиот освојувач на Купот, Македонија ЃП. Според пишувањата на медиумите од источниот сосед, стадионот на софиските „црвени“ не е потврден како стадион на кој ќе се играат годинешните веропски натпревари.
На социјалните мрежи бил објавен документ со кој се потврдува дека клубот ја добил потребната лиценца за настап на европските турнири, но за натпревари под капата на УЕФА, наводно, ЦСКА го има пријавено националниот стадион „Васил Левски“.
Во последните сезони ЦСКА со своите ривали во првите две кола од квалификациите за европските турнири играше на стадионот на „Бугарската армија“, па потоа се пресели на Националниот стадион поради немање лиценца за следните фази од натпреварувањето.