Раководството на Челзи ја одбило првата понуда на Интер за позајмица на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку. Италијанскиот клуб понудил 5 милиони евра за 29-годишниот играч, но лондончани не се задоволни од сумата која ја бараат за Белгиецот.
Преговорите се далеку од завршени, иако вчера се појавија информации дека двата клуба се цврсто решени да ја завршат зделката. Нов состанок е закажан за следната недела.
Лукаку инсистира да се врати во Интер, па дури е подготвен да прифати скоро 50% намалување на платата за да заигра повторно за италијанскиот тим. Челзи во моментов бара 12 милиони евра за едногодишна позајмица на Лукаку, сума која Интер тешко дека би прифатил да ја плати.