Шампионот на Франција од 2021 година Лил заврши на 10-тото место на табелата во Ла Лига поради што реши да прави промена во стручниот штаб. Па така отказ доби Жозелин Гувернек кој дојде меѓу „кучињата“ во јули минатата година на местото на Кристоф Галтие кој прејде во Ница.
Но не успеа да ги повтори резултатите на својот претходник, а управата одлучи дека е најдобро тој да биде сменет. Се очекува на негово место да седне португалскиот стручњак Паоло Фонсека.
Последната работа му беше во Рома со која се раздели во 2021 година, а претходно работеше во Шахтјор Доњецк, во португалските Брага, Пакос Фереира, Порто, Авеш…
ФОТО: FCLille/Guevernek