Велшки клуб му испрати понуда на Бејл

225

Герет Бејл е во потрага по нов клуб. Во Реал Мадрид не останува но се уште е нејасно каде ќе ја продолжи кариерата. А и велшкиот интернационалец, после одличните партии во плеј-офот од Лигата на нациите и пласманот на Мундијалот во Катар, се уште е тивок во однос на идната дестинација.
Засега е јасно дека нема да оди во Гетафе, како што и самиот потврди на прес-конференцијата по мечот со Украина во финалето на баражот.
Сепак, неколку клубови ја следат неговата ситуација. Со нешто конкретно излезе Кардиф Сити кој на 32-годишниот Бејл му понудил двегодишен договор со опција да биде продолжен на уште една. Тоа му е кажано на агентот на фудбалерот кој додаде дека Бејл, сепак, треба да одлучи.
Од друг страна има и уште еден интерес. За разлика од Кардиф кој игра во Чемпионшип, и новиот премиерлигаш Нотингем Форест сака да го види во своите редови. „Би-би-си“ додава дека покрај Нотингем, заинтересирани се и Астон Вила и Њукасл.

ПретходноМаестрално: Дуплантис скокна рекордни 6,02 метри во Дијамантската лига во Осло
СледноЕкс-фудбалер на Милан и Сампдорија станува сопственик на Бирмингем Сити