ГН на Австралија во календарот на Формула 1 до 2035 година!

83

Организаторите на трката за Големата награда на Австралија и сопствениците на комерцијалните права на Формула 1, Либерти Медиа, објавија дека трката ќе остане во календарот најмалку до 2035 година.

Големата награда на Австралија се врати во календарот на почетокот на оваа година по пауза од две години, а вкупно 419.000 луѓе го посетија „Алберт Парк“ во трите дена од трката. Така, овогодинешното издание на натпреварот стана најпосетувано откако се пресели во Мелбурн во 1996 година.

„Среќен сум што можам да потврдам дека Мелбурн и патеката Алберт Парк ќе продолжат да бидат дел од календарот на Формула 1 до 2035 година. Трката отсекогаш била една од омилените на навивачите, возачите и тимовите, а Мелбурн е одличен град кој е совршен за нашиот спорт“, изјави извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

ПретходноВечерва боксерско финале на плоштад: Лозница и Ц. Звезда во битка за регионалната титула
СледноНавивачите на Барса можат да здивнат: Гави прифати нов договор со Каталонците