Екс-фудбалер на Милан и Сампдорија станува сопственик на Бирмингем Сити

908

Поранешниот напаѓач на Милан и Сампдорија Макси Лопез е дел од конзорциумот кој се обидува да го купи англискиот клуб Бирмингем Сити, пренесуваат аргентински медиуми. Лопез се пензионира на 38 години откако ја комплетираше сезоната во италијанскиот третолигаш Самбенедетесе и од тогаш тргнува во бизнис. Според „Тyc Sport“, Макси Лопез е дел од групата на инвеститори меѓу кои е и бизнисменот Кристијан Кодома кои сакаат да го купат Бирмингем кој моментално се натпреварува во Чемпионшип дивизијата.
Актуелниот сопственик Пол Суен и Бирмингем спортс холдинг лимитед би се согласиле за 50 милиони фунти.
Макси Лопез е и поранешен сопруг на Ванда Нара, која го напушти за тогашниот соиграч во Сампдорија Мауро Силва.

ПретходноВелшки клуб му испрати понуда на Бејл
СледноЕмил Рајковиќ седнува на клупата на ЦСКА Москва?