Сега веќе поранешниот играч на Вардар односно Академија Пандев, Марко Мартинага и официјално е нов играч на тимот на Славен Белупо.
Хрватскиот интернационалец одигра важна улога во тимот на Академија Пандев во изминатата сезона, но и покрај пласманот во Европа, тој реши да си замине дома. Всушност, Славен Белупо е неговиот матичен клуб, од каде што ја има и започнато фудбалската кариера.