Ѓоковиќ не може да игра на УС Опен!

269

Откако Новак Ѓоковиќ го пропушти првиот Гренд слем оваа сезона, Австралија опен, поради коронаворус односно изборот да не се вакцинира, исто сценариот му се подготвува и за последниот голем настан. Според „New York Times“, Ѓоковиќ нема да игра на УС Опен.

Според моменталниот закон тој се води како невакциниран странец, па нема да може да влезе во САД. Секако, постои шанса да добие медицински документ кој ќе му дозволи да игра на Гренд слемот, но тениската федерација на САД нема намера да бара посебен третман за него.

Што се однесува до руските и белоруските тенисери, тие ќе можат да настапуваат на УС Упен, но не под знамињата на својата држава.

Ѓоковиќ во својата кариера три пати го освои УС Опен (2011., 2015. i 2018.), минатата година во финалето беше поразен од Данил Медведев.

ПретходноНавивачите на Барса можат да здивнат: Гави прифати нов договор со Каталонците
СледноПерез: Политичарите се виновни за Мбапе, Халанд ќе се седеше на клупа