Македонската одбојкарска репрезентација ги финализира подготовките пред заминувањето на завршниот турнир од годинешната Европска сребрена лига. Одбојкарите утреќе патуваат за Будимпешта, каде в сабота во полуфиналето со Финска ќе бијат битка за ново европско финале.
„Во седум години и седум настапи во Европската лига успеавме да направиме седум Ф4 учества. Со многу посветеност и оваа година успеавме да се пласираме на завршниот турнир. Сега пред нас има ново ниво. Ни доаѓа репрезентацијата на Финска со која сме играле две средби на минатите европски првенства. Се надевам дека во сабота ќе одиграме многу подобро отколку на тие два меча. Финска е доста подмладена, ќе ни треба време да направиме добра тактика. Според мене, најважно е ние да ја гледаме нашата страна и репер да ни бидат средбите со Романија и БиХ. Се надевам дека ќе ја израдуваме македонската јавност. Одиме чекор по чекор. Сите имаме своја математика, па кога веќе стигнавме до тука, зошто да не направиме и нова историја“, вели капитенот на нашиот национален тим, Никола Ѓорѓиев.
В сабота од 16 часот во Будимпешта го играме полуфиналето со Финска. Ден подоцна се и финалните натпревари.