Екс младинскиот репрезентативец на Србија до 21. година, и досегашен играч на тимот на Пролетер Нови Сад, Душан Јоковиќ е нов стопер на тимот на Академија Пандев.
Србинот ќе му се приклучи на тимот во следните ден два, пред екипата да замине на подготовки во Банско.
Ако на ова се додаде дека Коста Манев не прави трансфер во тимот на Вараждин туку се враќа во Струмица, тогаш станува јасно дека дефанзивната линија на Академија Пандев е пополнета.
Од Струмица уште дополнуваат дека на интернационалецот од Франција, Мака, кој беше неколку дена на проба во Академија Пандев нема да му биде понуден договор.
Конечно, екипата на Академија Пандев е денеска во Скопје каде што од 17:30 часот на стадионот Борис Трајковски ќе одигра пријателска средба со тимот на Балкани од Косово.