Ливерпул дал зелено светло: Мане може во Баерн!

88

Нема веќе дилеми. Ливерпул му се заблагодарил на Садио Мане и неговиот допринос за клубот и со тоа му посакал среќа и успех со неговиот иден клуб Баерн Минхен, пренесува англиски „Скај спортс“ но и неколку реномирани англиски спортски канали и сајтови.
„Црвените“ и Баерн денеска си подале рака и се договориле за максимална сума од 41 милион евра со тоа што ќе имаат загарантирани 32 милиони евра, а остатокот е во форма на бонуси. Договорот на африканскиот напаѓач на „Алијанц арената“ е до јуни 2025 година.
Се очекува уште потврда на Баерн и закажување на официјалната презентација. Со доаѓањето на Мане се решава проблемот на германскиот шампион со нападот после сагата со Роберт Левандовски и неговото незадолство и желба да го смени клубот. Сега Полјакот ќе може да оди. Исто така Ливерпул осигура замена за Мане, а тоа е уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез.
Мане играше за Мец, Салцбург и Саутемптон пред да дојде во Ливерпул. Со „црвените“ ја освои Премиер лигата, ФА купот, Лига купот, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

ПретходноПаднал договор: Јовиќ во Фиорентина, познати и деталите
СледноАлександар Ѓорѓиевски ги засили „лавовите“