Мане има посебни критериуми: Сака неговата сопруга да нема социјални мрежи

434

Најдобриот стрелец на Сенегал на сите времиња и ѕвезда на Ливерпул, Садио Мане ги откри критериумите кои се пресудни за да ја избере жената со која ќе се ожени. Одличниот напаѓач на Ливерпул изјави дека многу пати го прашувале зошто се уште не е оженет, а особено љубопитни биле жените. Африканскиот фудбалер на годината изјави дека бара жена која нема социјална мрежа, која го почитува Бога и добро се моли.

„Многу девојки ме прашаа зошто не сум мажен, но жал ми е што губите време. Жената со која ќе се оженам нема да биде на социјалните мрежи (Тик Ток, Фејсбук, Инстаграм, Твитер). Сакам жена која го почитува Бога и добро се моли“, рече Мане кој е инаку позната како побожен муслиман.

Мане се поврзува со заминување од Ливерпул, а Баерн е фаворит за негово доведување.

ПретходноИсториска вечер за Кари: Го одведе Голден Стејт до титулата, па го зема највредното признание (ВИДЕО)
СледноСтеф Кари меѓу величенствените!