Планот на Лапорта за заработка од 600 милиони евра е одобрен!

424

Барселона во последните две сезони се соочи со голема финансиска криза. Голем дел од играчите мораа да прифатат намалување на платите, а покрај тоа клубот мораше да се одрече од врвни играчи за да може да ги покрие големите „дупки“ кои ги остави претходното раководство.

Марка донесе добри вести за фановите на каталонскиот гигант.

„На Барселона и е одобрен буџетот за носење на играчи“, ова е насловот на текстот на овој медиум. Членовите партнерите на Барселона го одобриле големиот план на првиот човек Жоан Лапорта, кој на заинтересираните страни ќе им продаде две ставки.

Едната е да продаде до 49,9% од компанијата „Барса Лајсенсинг & Мерчендајзинг” (БЛМ), како и до 25% од аудио-визуелните права во Ла Лига.

На Собранието Лапорта ги известил членовите дека клубот на овој начин ќе заработи 600 милиони евра. Станува збор за потребна финансиска инјекција, бидејќи каталонскиот гигант и натаму нема доволно пари за да регистрира нови играчи.

Вкупно 568 членови гласале ЗА овој потег кој Лапорта, само 65 се изјасниле против, по што станува јасно дека сега клубот ќе влезе во помирни води и ќе може без притисок да прави планови на трансфер пазарот.

ПретходноВо Келн никогаш не знаеш што може да се случи!
СледноРомелу Лукаку донесе одлука!