Иако речиси се беше готово, иако Победа и Славољуб Бубања си кажаа “ДА“, сепак Црногорецот и прилепчани не успеале да најдат заеднички јазик околу последните детали, па така тој нема да се врати на клупата на прилепчани.
Да потсетиме дека Бубања пред четири години беше тренер на Победа, но сега и дефинитивно нема тој да ја води екипата од Прилеп во ПМФЛ во следната сезона.
Инаку дознаваме дека нов пик за шеф на струката на Победа е Бобан Бабунски. Некогашен член на легендарната генерација на Вардар како играч, а потоа и тренер на неколку наши клубови, пред се на Работнички и Вардар. Беше и селектор на У-21 репрезентацијата на Македонија.