Пријателска: “Пандевци“ катастрофално поразени од шампионот на Косово (1:6)!

764

Не им тргна најдобро на фудбалерите на Академија Пандев на пријателските средби ова лето во текот на подготовките во пресрет на настапот во квалификациите во Лигата на Конференции. Имено попладнево на стадиоонот „Борис Трајковски“ во Скопје, во пријателски натпревар, струмичани катастрофално беа поразени, дури со 1:6, од шампионот на Косово, тимот на Балкани.

Сепак треба да се каже дека гостите од Косово многу порано ги стартуваа подготивките, имаа претходно одиграни и неколку пријателски средби како онаа во Охрид кога пред неколку денови славеа над Шкупи со 2:0.

Интересно по првиот дел резултатот беше 1:2 за Балкани, А. Пандев во 23.минута имала резултат и 1:1, но потоа се случил потоп на нашиот тим.

ПретходноТретото летно засилување на Тотенхем е од Мали
СледноИм истекоа договорите: Од Ренова си заминуваат и Абдула и голманот Велии!