Старлета од Скопје го разведе Пике

4708

Барем така велат Бугарските таблоиди, а се знае дека нивната веродостојност е на ниво на финансиски извештај од Бундес банк. ИЗвесната Драгана Спасовска, родена скопјанка со место на живеење во Пловдив Бугарија, според бугарската јавност е личноста поради кој фудбалерот на Барселона, легендарниот Пике и неговата долгогодишна сопруга поп звездата Шакира се разведуваат.

Да биде оваа информација уште по темелна, „прицврстена“ е и со изјава на Спасовска за „Фокус“.

„Нормално дека се познавам со Пике, имаме и заеднички фотографии, тоа е нешто кое не можам да го демантирам. Но, за сите други детали, за сето она кое деновиве ја бранува јавноста, не смеам да зборувам сега. Приказната за нас е доста актуелна во Бугарија, но јас ниту би потврдила, ниту би демантирала во овој период“, изјави македонско-бугарската манекенка за „Фокус“.

Доколку ова навистина е така, а веруваме дека е, сепак, Спасовска целата афера ја поткрепи и со факти дека лично го познава Пике, па да се надеваме дека тие се навистина во врска и од истата и Македонија ќе има некаков бенефит. Можеби Спасовска и Пике ќе создадат семејство и ќе имаат син кој ќе биде талентиран како татко му па македонската репрезентација за дваесетина години ќе има одлично решение за стоперската позиција. Единствено ако Спасовска не се реши нејзиниот син да игра за Бугарија.

 

ПретходноНкетиа во Арсенал до 2027 година
СледноПотврдено: Емил Рајковиќ е нов тренер на ЦСКА Москва