Голден Стејт Вориорс вечерва станаа шампиони во НБА лигата. Во шестиот натпревар од финалната серија на плеј-офот, „воините“ го совладаа Бостон Селтикс и со тоа го освоија четвртиот шампионски прстен во последните осум сезони.
Најзаслужен за триумфот на Ворирос беше Стеф Кари, кој во шестиот натпревар постигна 34 поени и со тоа за првпат во кариерата ја понесе титулата МВП на финалната серија.
Најдобриот шутер на сите времиња одигра извонредно во целата серија постигнувајќи 31,2 поени. шест скока и пет асистенции во просек, со што го однесе својот тим на врвот во НБА лигата, а самиот себе си меѓу најдобрите играчи на сите времиња.
Кари вечерва стана шестиот играч во историјата на НБА лигата кој има четири шампионски прстени, две МВП титули за најдобар играч во регуларниот дел и признание за најкорисен играч во финалната серија. Вакво нешто во кариерата имаат само пет играчи: Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Леброн Џејмс, Тим Данкан и Карим Абдул-Џабар.
Најдобриот играч во историјата на Голден Стејт со оваа франшиза беше шампион на НБА во 2015, 2017, 2018 и оваа година, додека беше МВП на лигата во 2015 и 2016 година.