Фановите на Тетекс крајно незадоволни од новите “фаци“ во клубот…

3859

Пред неколку денови ФК Тетекс доби ново раководство, поточно нов претседател на клубот во името на Мирче Блажески. Со него како тим – менаџер дојде и Бојан Захариев.

Сепак по неколку дена, поточно во текон на денешниот ден се огласија преку социјалните мрежи и фановите на Тетекс кои го искажаа своето разочарување од нив и предупредуваат на тешки последици од работата на новите “фаци“ во Тетекс.

Соопштението на фановите на ФК Тетекс ви го презентираме во целост…

Што се случува со нашата гордост ФК Тетекс?

Нашиот клуб на почеток на минатата сезона беше пример како со труд, љубов и малку пари може да се постигне добра работа.

Клуб исполнет со еуфорија, без моќни спонзори, со млади и талентирани фудбалери и амбициозни тренери, на крајот од сезона Тетекс успеа да биде во топ 5 на табела во Втора МФЛ.

Откако Војо Тофиловски си замина од претседаелското место на негово место дојде Мирче Блажески кој бил избран за нов претседател на Фудбалскиот клуб Тетекс Тетово со него доведен за тим-менаџер е Бојан Захариев, кој бил во повеќе клубови низ Македонија, за него има повеќе негативни работи отколку позитивни.

*Според спортските медиуми постојат статии дека се работи за човек кој многу ветува а ништо не исполнува.

Зошто новата управа крие дека позади тим менаџерот стои анонимен спонзор кој треба да го финансира Тетекс?

Во Тетекс владее голем молк, зошто на официјалниот профил на Фејсбук после веста за новото раководство немаа вести за новини во тимот?!

Факт е дека фудбалерите си заминуваат секој дневно, а од Спортмедиа… дознавме дека капитенот Петар Митев, Дамјан Масевски и Гордијан Христовски не се повеќе дел од Тетекс.

Ако продолжи трендот ќе ни се случи 2016 година, кога Тетекс остана без фудбалери и 5 до 12 ќе брка по истите да создаде тим за натпреварување.

Според наши информации, на фудбалерите им се нудат смешни услови кој ги одбиваат бидејќи подобро да бидеш келнер него фудбалер на Тетекс за жал.

ФК Тетекс не ја заслужува оваа ситуација, ниту ние навивачи, ниту фудбалерите кој се во школата и кој ќе бидат дел на нашата гордост Тетекс.

Време е клубот конечно да се опорави, сите очекуваат силен Тетекс кој ќе се бори за влез во Прва лига, не за испаѓање во 3 лига!

Напред Тетекс се реактивира, ќе ги следи случувањата во клубот, за доброто на сите и во интерес на ФК Тетекс,

наспроти ќе ви бидеме трн у око!

ПретходноШкупи е во Турција: Шампионот се “чекираше“ во Болу…пријателски со Фенер, Тирана… (ФОТО)
СледноЛидс купи играч за врска на Баерн Минхен