Се е подготвено за стартот на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите. Веспрем против Кјелце и Барселона против Кил се тимовите кои ќе се борат за финале, а потоа за круната што секој тим ја посакува.
Вчерашниот ден беше резервиран за пристигнување на екипите во Келн, денеска на програмата е традиционалниот ден за дружба со медиумите и тренинг пред најголемиот спектакл, како круна на нова неизвесна сезона во ЛШ. „Ланксес Арена“ одново ќе го добие препознатливото ракометни лудило, кое за нас Македонците не е непознато. Вардар од 2017 до 2019 сезона не беше само учесник, туку двапати ја освои титулата.
Оваа година, Дејан Манасков ќе биде единствениот македонски претставник во Келн, заедно со Вепсрем ќе го бркаат првото финале, на патот им стои Кјелце, тим за кого настапуваат екс-вардарците Игор Карачиќ и Алекс Душебаев, во втората полуфинална двојка бранителот Барса ќе има шанса да влезе во историјата на ЛШ како прв тим кој ја одбранил круната.
„Сите играчи изгледаат фит. Подготвени сме за овој настан. Се надеваме дека ќе одиме до крај, но во Келн никогаш не се знаеш што ќе се случи“, изјави Перез де Варгас.
Кјелце се врати во Келн со надеж дека ќе ја повтори 2016 година, кога дојде до пехарот.
„Среќни сме што се вративме и амбициозни сме. Да почекаме и да видиме“, рече тренерот Талант Душебаев, кој го предводеше полскиот шампион до нивниот единствен трофеј во Лигата на шампионите во ЕХФ, во 2016 година.
Полуфиналните средби на програмата се утре.