Се чини дека во следната сезона Ренова ќе биде драматично или поточно кажано драстично подмладена. Имено “гипсарите“ имаат намера да направат целосен „ремонт“ на тимот. Како може поинаку да се сфати фактот дека досега си заминаа големо број стандардни првотимци од минатата сезона, а денеска информациите говорат дека пред заминување се и дефанзинецот Џелил Абдула и голманот Хадис Велии, и двајцата во минатите сезони беа клучни играчи на некогашниот шампион на Македонија. И на двајцата договорите им истекоа и тие веројатно нема да потпишат нови.
Како што и официјално објавија од клубот, досега од Ренова си заминаа Ремзифаик Селмани, Виктор Серафимовски, Емран Рамадани, Антонио Илиески, Мевљан Мурати, Албан Таипи и Игор Алексовски.