Интер договори албански интернационалец

238

Италијанскиот вицепрвак Интер има нов играч, а се работи за албанскиот интернационалец Кристијан Аслани. Фудбалерот од средниот ред има 20 години и доаѓа од редовите на Емполи, а „нероаѕурите“ за него ќе платат 4 милиони евра за позајмица на една сезона со обврска идното лето да доплатат 10 милиони евра за откуп на договорот.
Како дел од договорот 21-годишниот уругвајски напаѓач Сатријано ќе му се приклучи на Емполи како позајмен фудбалер.

ПретходноЕХФ со потврда: Келн и „Ланксес Арената“ домаќини на Ф4 најмалку до 2026!
СледноШкупи е во Турција: Шампионот се “чекираше“ во Болу…пријателски со Фенер, Тирана… (ФОТО)