ПСЖ по секоја цена го сака Милан Шкриниар. Џанлука Ди Марсио откри дека Интер одбил понуда вредна 50 милиони евра и барал дури 80 милиони евра за словачкиот стопер.
ПСЖ подготви нова понуда, според која ќе испрати 50 милиони евра, но и Дракслер во пакет.
Интер наводно дава отпор, сака само пари, но јасно е дека новата понуда од Париз е многу добра.
Се споменува дека заедно со Германецот би можел да биде вклучен уште еден играч, па тогаш Интер веројатно би прифатил без размислување.
Се на се, ПСЖ ќе направи се за да го донесе Шкриниар.