Историска вечер за Кари: Го одведе Голден Стејт до титулата, па го зема највредното признание (ВИДЕО)

363

Голден Стејт се нови НБА прваци. Во шестата средба во финалето го совладаа Бостон со 103-90 за конечни 4-2 во плеј-офт. Вориорс дојдоа до четвртата титула во последните осум години и седма во историјата, на овој начин станаа третата најуспешна екипа во НБА франшизата по Бостон и Лејкерси кои имаат по 17 титули.

Најдобар играч на Вориорс и овој пат беше Стев Кари со 34 поени, седум скока, седум асистенции, две украдени топки. Токму затоа беше прогласен за МВП на финалето.

Кари влезе во историјата како еден од 11 играчи кои освоиле МВП награда за регуларниот дел од сезоната, МВП во финалето и МВП на Ол-стар натпреварите. Тој влезе во уште едно историско друштво, како играч кој има најмалку четирити титули и две награди за најкорисен играч.

ПретходноЕмил Рајковиќ седнува на клупата на ЦСКА Москва?
СледноМане има посебни критериуми: Сака неговата сопруга да нема социјални мрежи