Леонардо: Моето заминување не е поврзано со новиот договор на Мбапе

132

Поранешниот спортски директор на Пари Сен Жермен, Леонардо за прв пат се обрати на јавноста откако беше отпуштен од клубот. Според некои информации, Килијан Мбапе поставил услов Бразилецот да си замине за да потпише нов договор.Многу бргу по објавувањето на новито договор на напаѓачот Леонардо ја доби информацијата дека си заминува.

„Не. Беше крај на сезоната и можеби беше време да се решат работите за иднината. Не ми е кажано дека моето заминување е услов Мбапе повторно да потпише, но не сакам да навлегувам во оваа тема. Фактот дека успеаја да го задржат овој играч, кој е Французин, Парижанец е важен за ПСЖ и Лига 1“ – изјави Леонардо.

ПретходноИм истекоа договорите: Од Ренова си заминуваат и Абдула и голманот Велии!
СледноПред трансфер во Турција: Велковски има понуда од Анкарагучу!