Паднал договор: Јовиќ во Фиорентина, познати и деталите

345

Лука Јовиќ го напушта Реал Мадрид и потпишува за Фиорентина. Двете страни се договориле и српскиот репрезентативец ќе стави потпис на едногодишна позајмица во клубот од Серија А, плус мадридскиот клуб се согласил да плаќа половина од неговата плата која изнесува 5 милиони евра, а другата половина ќе ја плаќа клубот од Фиренца. Исто така „Кориере дело Спорт“ пренесува дека двете страни се договориле за позајмица и во сезоната 2022/23 со тоа што за платата би разговарале дополнително.

Со тоа Јовиќ ќе добие шанса да се „рехабилитира“ по големиот пад што го доживеа со трансферот од Ајнтрахт во Реал Мадрид во 2019 година вреден неверојатни 63 милиони евра. Поради лошите настапи беше изоставен од тренерот Карло Анчелоти, па тој се појави на само 19 натпревари.

Јовиќ е екс-играч на Црвена Звезда и Бенфика.

 

ПретходноТри супер пресметки на стартот на новата сезона во Бундес лигата
СледноЛиверпул дал зелено светло: Мане може во Баерн!