Не им тргна најдобро на фудбалерите на Академија Пандев на пријателските средби ова лето во текот на подготовките во пресрет на настапот во квалификациите во Лигата на Конференции. Имено попладнево на стадиоонот „Борис Трајковски“ во Скопје, во пријателски натпревар, струмичани катастрофално беа поразени, дури со 1:6, од шампионот на Косово, тимот на Балкани.
Сепак треба да се каже дека гостите од Косово многу порано ги стартуваа подготивките, имаа претходно одиграни и неколку пријателски средби како онаа во Охрид кога пред неколку денови славеа над Шкупи со 2:0.
Интересно по првиот дел резултатот беше 1:2 за Балкани, А. Пандев во 23.минута имала резултат и 1:1, но потоа се случил потоп на нашиот тим.