Промоција на Давор Талески: “Среќен сум што сум дел од Шкендија!“

742

Како што и беа најавите, Давор Талески (27) од денеска и официјално е ново име во таборот на Шкендија. Досегашниот голман на Струга Трим Лум се одлучи во последен момент да ја прифати понудата на тетовци, иако имаше претходно устен договор со стружани за продолжување на соработката, па така тој и дефинитивн сега е член на Шкендија.

May be an image of 1 person

Како што велат од Шкендија, со голманот е потпишан тригодишен договор, тоа значи дека Костадин Захов сега и тоа како ќе има конкуренција, иако се знае кој е засега прв голман на Шкендија.

Среќен сум што сум во Тетово, во Шкендија. Желбата на секој голманм играч во нашиот шампионат е да заигра во дресот на Шкендија. За мене ова е голем предизвик, им благодарам на сите во Шкендија што ми укажаа доверба да бидам дел од овој клуб“ изјави Талески.

ПретходноПред трансфер во Турција: Велковски има понуда од Анкарагучу!
СледноЕХФ со потврда: Келн и „Ланксес Арената“ домаќини на Ф4 најмалку до 2026!